[Точка подарува] Романот „Куќата на насипот“ - патување низ генерации што им пркосат на соништата

Точка

21/10/2025

22:25

486

Големина на фонт

а а а

Точка повторно подарува книга! Овојпат ќе ве однесеме на патување низ два века љубов, тајни и судбина – со фасцинантниот роман „Куќата на насипот“ од италијанската авторка Даниела Раимонди.

Во малото италијанско село Стелата, на тромеѓата меѓу Ломбардија, Емилија-Ромања и Венето, живее семејството Казадио – едноставни, вредни и угледни луѓе. Но нивниот спокоен живот ќе се промени кога на почетокот на XIX век во селото ќе пристигне цигански караван. Жителите на Стелата се преплашени, но и маѓепсани од светот на боите и необичните обичаи што ги донесуваат странците.

Младиот Џакомо Казадио, срамежливиот и единствен наследник на семејството, ќе се заљуби во Виола Тоска – прекрасна девојка со див поглед од караванот. Таа љубов ќе стане темел на едно необично поколение: страсни, немирни луѓе кои постојано ја предизвикуваат судбината.

Од тој миг, потомците на семејството Казадио се делат на две гранки – синооки и русокоси сонувачи кои го наследуваат Џакомо, и црнооки, видовити наследници кои ја носат моќта на Виола. Секоја генерација, од Акило што сака да ја измери тежината на воздишките, до Едвиџе што игра карти со својот прадедо умрен пред два века, и Аделе што во потрага по љубов патува до Бразил, па сè до Неве, која кога е среќна шири опоен мирис – сите тие се луѓе што ги следат своите соништа и му пркосат на животот.

Куќата на насипот“ е голема семејна сага што го опфаќа животот на повеќе генерации низ два века италијанска историја – од револуционерните движења кои довеле до обединување на земјата, па сè до оловните години на дваесеттиот век. Тоа е приказна за љубов и судбина, за изборот меѓу разумот и срцето, за проклетството и благословот што се пренесуваат низ времето.

За да учествувате во наградната игра, посетете го нашиот Инстаграм профил и следете ги правилата.

Автор: Ц.Н.