[ФОТО] Како божица да се спуштила меѓу смртниците: За Каја Гербер обичниот летен фустан бил претворен во отмено ремек-дело

Точка

20/10/2025

08:49

984

Големина на фонт

а а а

Музејот на филмската академија во Лос Анџелес организирал традиционална гала-вечер на која присуствувале многу познати луѓе, а на црвениот тепих како и секоја година се нашла манекенката Каја Гербер.

Ќерката на Синди Крафорд, живата легенда на моделингот, одново нѐ потсетува дека нејзината достојна наследничка остава посебен впечаток каде и да се појави.

За гала вечерта во музејот Каја избрала да носи креација од модната куќа „Givenchy“ чие заштитно лице е со години.


Станувало збор за фустан со рамен изрез и на тенки рамчиња којшто во горниот дел е „залепен“ за телото, додека пак од колковите рамно паѓа до земјата.

Целосно е покриен со квалитетна чипка, а на грбот има наметка која паѓа надолу.

Како и вообичаено Каја имала боб фризура, стилизирана со многу волумен, а се определила за неутрална вечерна шминка која ги нагласува очите.

Нејзиниот фустан е базиран на моделот којшто манекенката Аџус Самјуел Кенген го носела неодамна на модната недела во Париз.


Овој мини фустан е дел од колекцијата пролет/лето 2026 година, а Сара Бартон за Каја Гербер го продолжила и наместо забавна креација за летните ноќи го претворила во отмен фустан за најсвечените моменти.


Ви се допаѓа ли ова модно издание?