[ФОТО] Љутков: „По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува“

Нетпрес

18/10/2025

13:27

2.335

Големина на фонт

а а а

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град, објави министерот за култура Зоран Љутков на својот Фејсбук.

„Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, донесена е одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „Клуч на рака“. По завршување на законските рокови и потпишување на договорот, ќе започнат градежните активности“, вели Љутков и додава:

„Особено сум горд што за само една година успеавме да откочиме процес долг една деценија. Преземени се сите потребни мерки: нова проектна документација, измени на постојниот проект и обезбедување на предуслови за успешна реализација.

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане...

Posted by Зоран Љутков on Saturday, October 18, 2025

Универзалната сала е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и над 5.800.000 посетители досега. Сега повторно ќе стане центар за културни настани и собирање на граѓаните, а ќе биде и дел од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Рокот за реализација е предвиден до декември 2027 година. Благодарност до сите кои беа дел од процесот.

Универзална сала повторно подготвена да го одбележи културниот ритам на Скопје“.