Спој на богата историја, врвна инфраструктура и одржливост: Овој континент ја задржува титулата на најбезбедни светски дестинации

Точка

17/10/2025

18:45

1.625

Големина на фонт

а а а

Според најновото истражување на „European Travel Commission“ и компанијата „Eurail BV“, Европа и натаму го има статусот најбезбеден и најпосакуван континент за меѓународните патници.

Резултатите од извештајот „Long-Haul Travel Barometar“ 2025 година покажуваат дека патниците од неевропските земји и натаму сметаат дека Европа е онаа која нуди идеален спој на безбедност, стабилност и културна разновидност.

Безбедноста како клучен фактор при изборот на дестинации

За поголем дел од патниците од САД, Канада, Бразил, Кина и Јапонија, безбедноста станала најважниот критериум при изборот на дестинации.


Над половина од испитаниците навеле дека токму чувството на безбедност најмногу влијае на одлуката за патување. Европа во тој контекст е оценета како континент со највисок степен на политичка стабилност, низок ризик од природни катастрофи и добро организиран здравствен систем.

Политичка и општествена стабилност која ги привлекува посетителите

Европските земји препознаени се како места во кои меѓучовечките односи, инфраструктурата и општествената толеранција се на високо ниво. Тоа придонесува на чувството на безбедност кај туристите, особено кај оние кои доаѓаат од оддалечени делови од светот.

Градовите како Виена, Копенхаген, Цирих, Амстердам и Лисабон со години се наоѓаат на врвот од глобалните листи по квалитет на живот и безбедност, што дополнително го јакне имиџот на Европа како стабилна и предвидлива дестинација.

Трошоците – препрека за многумина

Иако Европа ја има репутацијата на безбеден и организиран континент, истражувањето покажало дека високите трошоци за патување и натаму се најголемата препрека за многу од туристите.

Особено младите патници наведуваат дека сакаат Европа да понуди попристапни опции за превоз и сместување.

Токму затоа компаниите како „Euralia“ сѐ почесто ги промовираат флексибилните железнички пропусници и одржлив начин на патување кои овозможуваат посета на повеќе земји по поволни цени.


Стабилна побарувачка и доверба во европскиот туризам

Без оглед на глобалните економски предизвици и геополитички тензии, Европа бележи стабилна побарувачка кај меѓународните туристи.

Интересно е тоа што токму пазарите како Канада и САД искажале најголема доверба во европскиот туризам, додека пак патниците од Азија и натаму планираат враќање во поголем број во текот на наредните години.

Истражувањето потврдува дека Европа и натаму е синоним за безбедност, стабилност и квалитет.

Од северот на Скандинавија до медитеранските крајбрежја, туристите го препознаваат континентот којшто комбинира богата историја, врвна инфраструктура и општествена одговорност.