[ВИДЕО] Најгласното животно на планетата Земја: Со својот звук го убива пленот

Точка

16/10/2025

19:43

686

Големина на фонт

а а а

Ова животно може да создаде звук погласен од млазен мотор.

Знаевте ли дека најгласното животно на планетата не е лав, чие рикање достигнува 114 децибели и може да се чуе од растојание од осум километри.


Станува збор за ситни ракчиња (шкампи) со големина на прст кои живеат во топлите води на Карипското Море, како и покрај брегот на Австралија и Источна Африка, и се најгласното животно (технички станува збор за кашалот, кој може да произведе звуци до 230 dB, но трае само малку подолго од 10 милисекунди). Се нарекува „пиштол-ракче“ и има супермоќ – канџа која пука брзо како куршум.

Ја затвора толку брзо што создава меур, а внатре во тој меур доаѓа до вистинска експлозија. Температурата се искачува на 4.700 степени Целзиусови, скоро исто толку топла колку површината на Сонцето.

Во тој момент се слуша „тресок“ од 210 децибели, погласен од бучавата на млазен мотор.

Овој рак не само што плаши, туку го зашеметува или дури и го убива својот плен со еден звук. „Пукањето“ на ова суштество се детектира дури и од воени хидрофони на подморници.