Балотели ги издвои најдобрите фудбалери на светот: Тој е неверојатен…

Дерби

15/10/2025

08:40

713

Големина на фонт

а а а

Марио Балотели своевремено важеше за еден од најголемите фудбалски таленти, играч на кој му се предвидуваше блескава кариера, меѓутоа иако има импресивна биографија настапувајќи за клубови како Интер, Милан, Манчестер Сити, Ливерпул, Олимпик Марсеј…тој никогаш докрај не го искористи потенцијалот и знаењето.

Сега некогашниот италијански репрезентативец е во потрага по нов клуб по лошата и неуспешна епизода во Џенова каде не се избори за соодветна шанса.

Неговата желба е да остане во Италија, меѓутоа нема атрактивни понуди и самио посочи дека може да замине во странство. И додека чека на новиот предизвик, тој ги издвои играчите кои се најдобри во светскиот фудбал.

-Навистина ми се допаѓа Јамал, мислам дека е неверојатен. Исто така ми се допаѓаат Нико Вилијамс, Халанд, Дембеле и Мбапе – сите се исто така многу силни, -порача Марио.