[ВИДЕО] Нова климатска бомба: Метанот од Антарктикот ја загрозува планетата!

Точка

11/10/2025

15:26

1.647

Големина на фонт

а а а

Големи количества метан се собирале илјадници години под морското дно, а сега излегуваат низ пукнатини во форма на меурчиња.

Огромни количества метан излегуваат од пукнатини на антарктичкото морско дно додека регионот се загрева, предупредуваат научниците. Нови извори се откриваат со зачудувачка брзина, а експертите стравуваат дека сегашните прогнози за глобалното затоплување можеби ја потценуваат вистинската закана, пренесува „CNN“.


Метанот е гас кој во првите 20 години задржува околу 80 пати повеќе топлина од јаглерод диоксидот, поради што неговото ослободување претставува сериозен ризик за климата. Големи количества метан се собирале илјадници години под морското дно, а сега излегуваат низ пукнатини во форма на меурчиња.

Досега, изворите на метан во Антарктикот беа меѓу најмалку истражените во светот. Сепак, меѓународен тим научници идентификуваше повеќе од 40 нови извори во плитките води на Росовото Море, во Јужниот Океан. Многу од изворите се појавиле на места кои веќе биле проучувани, што укажува на тоа дека се појавиле нови, неочекувани извори на метан.

„Нешто што се сметаше за ретко, сега изгледа дека е широко распространето“, изјавила Сара Сибрук, авторка на извештајот и научничка за морски науки при „Earth Sciences New Zealand“. Таа додала дека секој нов извор предизвикува моментална загриженост.


Научниците предупредуваат дека овие извори би можеле брзо да пренесат метан во атмосферата и да станат непредвиден извор на климатско загадување. Метанот исто така може да има каскадни ефекти врз морскиот живот, иако научниците сè уште ги проучуваат точните последици. Слични феномени веќе се забележани и на Арктикот, каде што зголеменото ослободување на метан е поврзано со топењето на глечерите и порастот на нивото на морето, создавајќи повратна спрега: климатските промени го забрзуваат ослободувањето на метан, а метанот дополнително го засилува глобалното затоплување.

Научниците планираат двомесечно истражување во Антарктикот за подетално да ги проучат изворите. Ендру Тарбер, професор по морска биологија на Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара, предупредува.


„Ако луѓето продолжат да ја загреваат планетата, овие извори би можеле да преминат од природна лабораторија во епицентар на опасноста. На некој начин се како опасни животни – фасцинантни за проучување, но нивната моќ не смее да се потцени“, вели тој.

Откривањето на нови извори на метан во Антарктика дополнително ја нагласува итноста од глобални климатски акции и потребата од следење на овој клучен гас кој може да ја забрза промената на планетата.