[ВИДЕО] Нов скопски саем во Бутел и голем парк покрај него е првото ветување на скопјани од Мециновиќ

Макфакс

18/09/2025

14:02

289

Големина на фонт

а а а

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на партијата Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов скопски саем во северниот дел на градот, во Општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот Христјан Тодоровски Карпош.

„Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации. Наместо тоа, денес тој простор е претворен во трговски центар, што ја одразува политиката на уништување на јавните простори за личен профит. Затоа новиот саем е од клучна важност, бидејќи повторно ќе овозможи простор за сите подеднакво – за култура, заеднички активности, образование и социјализација на скопјани“, вели Мециновиќ.

Два збора:


💜 Саем во Бутел!


Три де, а малку поопширно:


Од повеќе причини го најавуваме овој проект за скопскиот саем како прв во низата идеи кои ќе ги понудиме. Пред сѐ, Скопје го загуби саемот, поради сите претходните власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации, за наместо тоа, денес тој простор да биде претворен во комерцијален трговски центар, што ја одразува политиката на уништување на јавните простори за личен профит. Затоа, новиот саем е од клучна важност, бидејќи повторно ќе овозможи простор за сите подеднакво, за култура, заеднички активности и живеење, образование и социјализација на скопјани.


Понатаму, овој проект претставува крупен објект во северниот дел на градот, што ќе придонесе за децентрализација на урбаниот живот. Како жител од овој дел на градот, сметам дека локацијата е одлично поврзана со центарот, бидејќи новиот саем ќе биде лесно достапен и ќе помогне во создавањето на нов културен и економски пол во градот, како противтежа на концентрацијата на економска и културна размена. 


Во овој контекст, Саемот ќе биде надополнет со голем парк, замислени како едно цело: како куќа на јавниот живот - простор за културни манифестации, собири, изложби, концерти и општествени дијалози, и како белодробен систем на северот на Скопје - зелена простор за здравје, спорт, детска игра и колективна релаксација. Заедно, идејата е да создадат целина што го враќа јавниот интерес пред приватниот профит.


1. Нов СКОПСКИ САЕМ


📍 Локација: Општина Бутел, покрај обиколницата и бул. Христјан Тодоровски Карпош

📊 Цели: културен центар, јавен простор за граѓаните, достапност за сите и контратежа на економската концентрација на активностите, развој на северот на Скопје.


Содржини:


🔸20.000 м² изложбени хали

🔸Конгресен центар (за собири и јавни трибини)

🔸Отворени простори за собири и културни настани

🔸Простори за заеднички активности, култура и образование

🔸Пристапен јавен паркинг и логистика


✅ Придобивки: ново културно и собирно јадро на северот на Скопје, достапно за сите, простор за заеднички активности, фестивали и јавни манифестации.


2. Голем парк


📍 Локација: до новиот саем, бул. Христјан Тодоровски Карпош

📊 Цели: зелена контратежа на бетонизацијата, и јавен простор за сите


Содржини:


🔸Централен тревник за собири и фестивали

🔸Детски игралишта и спортски терени

🔸Тематски градини

🔸Амфитеатар на отворено за културни програми

🔸Еко-патеки со инфо-табли, осветлување и безбедносна инфраструктура


✅ Придобивки: нов белодробен простор за северно Скопје, јавен парк за сите генерации, културна и социјална размена, простор за заедничко живеење и слободно време


Градот убав пак ќе никне!

Posted by Amar Mecinović on Thursday, September 18, 2025

Проектот предвидува изградба на изложбени хали со површина од 20.000 квадратни метри, конгресен центар за јавни собири и трибини, како и отворени простори за културни настани и заеднички активности. Според Мециновиќ, новиот објект ќе биде лесно достапен и ќе придонесе за создавање нов културен и економски пол во градот, кој ќе претставува противтежа на сегашната концентрација на економски и културни активности.

Покрај саемот, најавен е и голем парк, кој треба да стане „белодробен систем на северот на Скопје“. Паркот ќе содржи централен тревник за фестивали и собири, детски игралишта, спортски терени, тематски градини, амфитеатар на отворено и еко-патеки со современа инфраструктура.

„Идејата е саемот и паркот да функционираат како целина, како куќа на јавниот живот, простор за културни манифестации, собири и дијалози, но и како зелено прибежиште за спорт, детска игра и колективна релаксација. На тој начин го враќаме јавниот интерес пред приватниот профит“, рече Мециновиќ.