Ливерпул го совлада Атлетико Мадрид со 3-2 во Лигата на шампионите во меч во кој „црвените“ одново успее да дојдат до посакуваниот резултат и бодови со погодок во самата завршница.
Клубот од „Енфилд Роуд“ на еден сличен начин оствари четири триумфи во Премиер лигата, а вчеравечер со погодокот на Ван Дајк во судиското продолжение го кутна Атлетико.
Меѓутоа и покрај овие резултати, легендарниот Тјери Анри не е убеден дека Ливерпул може да ја освои Лигата на шампионите и тоа поради една причина, пропустите во одбраната и многуте примени голови.
-Ливерпул… не знам, Џејми [Карагер] го кажа тоа, мислам дека веќе од предсезоната примија премногу голови, треба тоа да го избришат. Тие повторно се спасија пред некој ден против Барнли, но мора да се најде начин да се добиваат натпревари, па затоа не се жалиме за тоа.
-Но, во Лигата на шампионите, ако примате премногу голови, тешко е да се триумфира, -подвлече Анри.