Јувентус вечерва ја дочекува Борусија Дортмунд во рамките на првото коло во Лигата на шампионите, меч за кој „бјанконерите“ имаат одлична најава, проверка затоа што го добија големиот ривал Интер во домашниот шампионат.
Клубот од Торино се избори за славје со 4-3 и со тоа го задржа 100 процентниот учинок во Серија А. Тренерот Игор Тудор е среќен поради истиот затоа што според него е совладан најсилниот тим во Калчо лигата или поточно тој го стави Интер пред актуелниот првак Наполи.
- Игравме против најсилниот тим во Серија А, според мене тие се пред Наполи. Победивме и покрај тоа што не бевме на нашето највисоко ниво, а имавме и некои мали проблеми. Мене ми се допаѓа вака да победувам,- истакна Хрватот и додаде:
- Кога бев тренер во Верона, реков дека претпочитам 4-3 пред 1-0. Тоа беше пред три години. Мојата филозофија сега е прво и најважно да победуваме, а потоа, ако можеме да постигнеме повеќе голови, да ги постигнеме. Сакам напаѓачки фудбал, но тоа зависи од карактеристиките на играчите. Целта е да се победи, а потоа се стремам кон повеќе голови. 3-0 би било подобро, - додаде Тудор.