Оперативецот на ПСЖ го „поткачи“ Донарума: Тоа е нашата политика, ѕвездата е…

Дерби

16/09/2025

11:42

191

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен неочекувано одлучи да се раздели со Џанлуиџи Донарума и тоа по историската сезона во која клубот конечно ја освои и Лигата на шампионите, резултат во кој голем удел имаше италијанскиот голман.

„Светците“ донесоа нов голман во името на Шевалие и му порачаа на Донарума дека неговата приказна е завршена и може да си бара нова средина што и се случи, поточно Италијанецот замина во редовите на Манчестер Сити каде веднаш имаше импресивен настап во градското дерби со Манчестер Сити.

Меѓутоа во ПСЖ не жалат за овој потег, па и главниот оперативец Луис Кампос го „пецна“ Донарума и неговите застапници со порака дека ова е нов проект и тие пари што биле побарани за продолжување на соработката едноставно немало шанса да бидат добиени.

- Клубот е поважен од кој било друг. Тоа се промени во ПСЖ. Донарума, тоа е комбинација од околности што доведоа до оваа одлука. Кога тој бара плата на ниво на ПСЖ порано, а не на сегашниот ПСЖ. Нашата политика е многу поврзана со заслугите: заработувате повеќе кога го заслужувате и кога играте. Одвоивме време да разговараме за проблемот со Џиџио. Бевме должни да најдеме решенија ако не можевме да постигнеме договор со него.

- Ѕвездата е клубот, тоа е целата група. Политиката за плати важи за сите. Стабилноста на клубот нема да се промени врз основа на играч кој сака да биде различен. Ќе го заштитиме ПСЖ. Секогаш сакаме да играме добро и да победуваме на натпреварите. Со оваа политика, сите разбираат дека тренерот не дава приоритет врз основа на статусот или потеклото на играчот. Не е вашето потекло тоа што ќе ве направи стартер во ПСЖ. Тоа е нашата политика.