Водечки доктор од Харвард којшто 10 години ги проучува цревата навел 1 овошје кое не го јаде ни во лудило – нагло се зголемува шеќерот во крвта

Точка

16/09/2025

11:12

3.217

Големина на фонт

а а а

Еден од водечките гастроентеролози рангирал десет вообичаени видови овошја според тоа колку се добри, односно лоши за здравјето на цревата и открил едно овошје кое секогаш го избегнува за да ја заштити својата работа на цревата и да спречи воспаленија.

Д-р Саураб Сети, гастроентеролог од Харвард, се огласил на Инстаграм предупредувајќи дека не се сите видови овошје еднакво корисни затоа што некои можат сериозно да го нарушат човековиот дигестивен систем.

Храна која не ја јаде

На последно место се нашле презреаните банани, омилен избор за појадок на милиони луѓе ширум светот.


Д-р Сети објаснил дека презреаните банани можат нагло да го зголемат нивото на шеќер во крвта, а истовремено даваат помалку „гориво“ на добрите бактерии во цревата.

Истражувањата покажале дека како што бананите созреваат, количината резистентен скроб и вкупните растителни влакна се намалуваат, додека пак нивото на шеќер расте.

Резистентниот скроб е вид јаглехидрат којшто одолева на варењето на ензимите во дигестивниот тракт и го забавува варењето на храната.

Поради тоа што овој вид скроб не се разложува во тенкото црево, не го зголемува нивото на глукоза. Наместо тоа, резистентниот скроб, како во благо зелените банани, се ферментира во дебелото црево, делува како пробиотик и ги храни добрите бактерии во цревата.

Поради тоа презреаните банани влегуваат на „црната листа“ кај д-р Сети. Меѓутоа, благо зелените банани оценети се како помалку штетни, со оцена пет од десет.

Благо незрелите банани се богати со растителни влакна кои се поврзани со намален ризик од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и канцер на црева.


Познати и како „баластни материи“, растителните влакна помагаат во спречување на затвор, го олеснуваат варењето и овозможуваат чувство на ситост подолго време.

Според д-р Сети, кивите се одличен извор на растворливи влакна. Една кива содржи околу 2 грама растителни влакна на порција од 80 грама. Растворливите влакна ја привлекуваат водата и во цревата формираат гел, со што го ублажуваат затворот и го зголемуваат празнењето на цревата.

Иако повремениот затвор не е опасен, почестите или хронични тегоби од овој тип сѐ почесто доведуваат до врска со канцер на цревата.

Студиите покажале дека хронично забавениот систем може да ја зголеми веројатноста за развој на дигестивен карцином и до 1,5 пати затоа што редовното празнење го намалува времето кое потенцијалните токсини го поминуваат во ѕидовите на цревата.

Овошје кое ги подобрува цревата

На првото место според д-р Сети се боровинките, а веднаш зад нив калинката.

Ова овошје е полно со антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против слободните радикали, долго поврзани со болести како дијабетес и канцер.


Калинката исто така содржи елагитанин, моќен вид полифенол којшто може да ги намали воспаленијата во организмот, што е познат ризик фактор за срцеви болести.

Во една студија која ја спровеле нутриционисти од Универзитетот во Барселона, учесниците имале исхрана богата со полифеноли, присутни во темните бобинки, јаткасти плодови, како и маслиново масло, имале 46 отсто помал ризик од развој на срцеви болести во споредба со оние кои не го внесувале тоа.

На средина од листата се нашле дињата, крушите и јаболката, додека пак грозјето и портокалите добиле оцена два и три од десет. Грозјето се состои од вода, но богато е со витамин Ц и калиум и се докажало дека може да ги намали воспаленијата и ризикот од болести.

Сепак тоа содржи малку калории и има помала вкупна нутритивна вредност во споредба со другите овошја.

Портокалот е богат со витамин Ц, фолати и антиоксиданти кои го јакнат имунитетот и помагаат во борбата против инфекции.