[ВИДЕО] „Стоп за Вардариште“: „Зеленото“ на апликациите за мерење на квалитет на воздухот не значи чист воздух – има и метали, хемикалии, канцерогени честички

Точка

16/09/2025

10:22

619

Големина на фонт

а а а

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ продолжува со протестите против загадувањето на воздухот. Тие ги повторија своите барања за решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште.

Незадоволството на граѓаните на Скопје не запира поради алармантната состојба во која се наоѓа градот. Протестите, како што велат од граѓанската иницијатива, ќе траат секој ден и тоа еден час наутро, од 7:30 до 8:30 часот и попладне во 18 часот.

На вчерашниот протест, меѓу другото, зборуваше и Горјан Јовановски, еден од креаторите на апликацијата „Мој воздух“ кој објасни дека не може точно да знаеме дали воздухот надвор е загаден овој период.


„Кога ќе отворите во апликација и ќе видите дека некаде е зелено, тоа значи дека не се детектираат точно на таа локација PM честички, но не значи дека немаме други метали во воздухот коишто гореа деновиве. Не значи дека нема разни хемикалии коишто едноставно мора да се тестираат и единствено со земање примерок и одење во лабораторија“, вели тој.

„Не може да губиме 5000 луѓе годишно од аерозагадување, а камоли после овие пожари коишто ги имаме сега, уште колку ќе има заболувања од канцер, белодробни заболувања, респираторни заболувања“, додава Јовановски.