Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа продолжува да напредува на ВТА листата или поточно на најновиот ранкинг објавен од тениската асоцијација има скок од 32 позиции.
Тетовката имаше одлични настапи во Романија и истите и овозможија да биде многу блиску до најдобрите 200 на светот. Во моментов Лина со вкупно 343 поени е на 207 на светот.
Нејзиниот најдобар пласман беше 170 место остварено во јуни 2017 година.
Магдалена Стоилковска пак отиде назад 19 позиции и е 1443 тенисерка на светот со 4 освоени поени.
Најдобар рекет на светот е Сабаленка пред Швојонтек и Гоф.