Германскиот селектор за МВП на финалето: Тој е како швајцарски нож

Дерби

15/09/2025

13:53

209

Големина на фонт

а а а

Германија дојде до уште еден голем резултат на кошаркарската сцена и стана европски шампион по славјето над Турција во Рига.

„Панцирите“ покажаа дека во моментов се исклучително квалитетни, тим кој знае да одговори на секој предизвик, задача и потврда за тоа е статусот на актуелни европски и светски прваци.

Многумина очекуваа Германците во финалето да бидат предводени од Вагнер и Шрудер, двајца играчи кои имаа значаен придонес, но нивниот колега Бонга изби во прв план,

Членот на Партизан уфрли 20 поени, собра 5 скока, запиша 3 асистенции, украде една топка и забележа една блокада и на крајот имаше најмногу индексни поени.

- Швајцарски нож, што да кажам. Постигна 20 поени, донесе моментум со офанзивни скокови, играше одлична одбрана и беше најдобар во превземањата. Најдобриот дефанзивец на турнирот. Беше МВП на финалето, - истакна селекторот Алан Ибрахимагиќ за херојот.