[ФОТО] „Имам чувство дека ќе се скрши на половина“: Обожуваната актерка е толку слаба што сите се загрижени: „Ве молам изедете нешто“

Точка

14/09/2025

15:26

1.342

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на серијата „Емили во Париз“, Лили Колинс предизвика загриженост откако се појави на ревијата на Келвин Клајн за време на Модната недела во Њујорк во фустан што ги истакнуваше нејзините затегнати стомачни мускули, објавува „Дејли мејл“.

Колинс носеla дводенел комплет со светки и пердуви, во комбинација со метални сандали со ремени и елегантна чанта.


Со оглед дека тенката фигура на Колинс беше во центарот на вниманието, таа доби многу коментари, најмногу од обожаватели кои изразија загриженост за нејзиниот изглед.


„Лили… те молам јади нешто!“; „Те молам Лили, сериозна сум – побарај помош“; „Дали отсекогаш била толку слаба? Обично не ја гледам во кратки маички, па не знам. Прекрасна е, но се надевам дека е добро“; „Премногу слаба“; „Нека ѝ даде некој чизбургер“; „Се чувствувам како да ќе се скрши на половина – без омраза, само испраќам љубов“, беа дел од коментарите.


Инаку, Колинс претходно страдала од нарушување во исхраната како тинејџерка, за што зборуваше во нејзината автобиографија од 2017 година, „Нефилтрирано: Без срам, без жалење, само јас“.


„Косата и ноктите ми станаа кршливи. Грлото ми гореше и хранопроводот ме болеше. Менструацијата ми престана неколку години. Бев преплашена дека ги уништив моите шанси да имам деца. Бев убедена дека се уништив себеси засекогаш“, напишала таа тогаш.