[ВИДЕО] Ќе ви го скрши срцето: Серијата на „HBO“ само неколку дена по емитувањето на првата епизода е на врвот на топ-листите

Точка

14/09/2025

13:07

753

Големина на фонт

а а а

Новата криминалистичка драма на ХБО, „Task“, со Марк Рафало и ѕвездата од серијата Куќа на змејот Фабиен Френкел, за само неколку дена од премиерата се искачи на првото место на американската дневна топ-листа на стриминг-сервисот „JustWatch“.

Серијата, која почна со емитување на 7 септември, веќе ги надмина популарните наслови како „Wednesday“ и „Peacemaker“, заземајќи водечка позиција што го потврдува нејзиниот стрмоглав раст на популарноста.


Покрај тоа што е хит кај публиката, мини-серијата ги воодушеви и критичарите, освојувајќи импресивни 89% на „Rotten Tomatoes“ по првата епизода. Таа се наоѓа и на второто место на американската Топ 10 листа на ХБО, што дополнително го потврдува нејзиниот моќен старт.

Дејство сместено во Филаделфија

Дејството на серијата „Task“ е сместено во Филаделфија и го следи Том (Рафало), агент на ФБИ кој е на чело на специјална единица задолжена да запре низа насилни грабежи. Главниот негативец е Роби (Том Пелфри), на прв поглед обичен семеен човек кој води двоен живот.

Во актерската екипа се и Емилија Џоунс, Тусо Мбеду, Раул Кастиљо, Алисoн Оливер, Овен Тиги и Марта Плимптон, додека во споредни улоги се појавуваат Џејми МекШејн, Сем Кили и други.

Планирани се вкупно седум епизоди, а новите епизоди премиерно се прикажуваат секоја недела на „HBO Max“. Креатор и сценарист на серијата е Бред Ингелсби, познат по работата на „Mare of Easttown“, кој открил дека сакал да се фокусира на животите на работничката класа и на емоционалниот товар со кој се соочуваат претставниците на законот. Главниот лик го опишал како „човек кој се обидува да го разбере страдањето во светот“, додавајќи дека приказната во својата суштина е вкоренета во надеж и во истражување на карактерите.

Најголемиот предизвик за Рафало: „Најлудиот“ акцент досега

Во неодамнешно интервју за „Entertainment Weekly“, Марк Рафало открил дека совладувањето на специфичниот дијалект било најголемиот предизвик за целата актерска екипа. Актерот објаснил дека поминал низ целосна вокална трансформација за да го прикаже веродостојно ликот кој потекнува од источна Пенсилванија. Тој открил дека работеле со тренерот за дијалект Сузан Салби, која претходно ја подготвувала и Кејт Винслет за серијата „Mare of Easttown“.

Рафало ја пофалил нејзината стручност, истакнувајќи дека со часови работела со актерите за да го усовршат акцентот. „Навистина помогна да се создаде тој свет на аудитивен начин“, изјавил тој. Акцентот го нарекол еден од „најлудите“ што некогаш се обидел да ги имитира, опишувајќи го како мешавина од северни, јужни и средноатлантски тонови.


Ѕвездата на Марвеловиот универзум признал дека, и покрај тежината, целиот труд на крај придонел за автентичноста на серијата. Тој рекол дека „Task“ ги одразува корените на Ингелсби и силата на луѓето со кои тој пораснал. „Има одличен пулс. Води, возбудливо е. И во исто време, да, срцето ќе ви биде искорнато“, заклучил Рафало опишувајќи ја новата хит мини-серија.