Зои Кравиц прошетала на улиците на Њујорк во црно здолниште до колена кое важи за еден од водечките трендови за есенската сезона која е пред нас.
Не, ова не е приказна за љубовна романса на една актерка и пејачот од срцето на Италија. Ова е приказна за црното здолниште – ултимативно парче за сите пригоди и временски периоди.
На социјалните мрежи дознавме за наводната врска на Зои Кравиц и Хери Стајлс, па затоа време е да го смениме фокусот.
Станува збор за модел на здолниште кое актерката и режисерка неодамна го носела додека шетала по улиците на Њујорк. Трендот којшто „се заканува“ есенва да ги потисне белите здолништа и да доминира во уличната мода е токму црното здолниште до колена.
Кравиц носела здолниште од брендот „Cou Cou Intimates“ кое го искомбинирала со топ од истиот бренд, балетанки и плетена чанта.
Она што црното здолниште до колена го прави толку посакувано меѓу љубителите на модата е неговата сестраност.
Тоа нема сезона – еднакво добро се носи и во текот на жешките денови, како и ладните зимски вечери.
Лесно се стилизира и во свечени и лежерни варијанти. За формален изглед или деловен аутфит доволно е да додадете елегантни сандали и бела кошула или некој џемпер.
Можноста за стилизирање на овој модел на здолниште е бескрајна, затоа есенва направете си простор во орманот токму за него.