Во рамките на превенцијата на срцевите болести се препорачува здрава исхрана и вежбање, но тие не се единствено важни за да го зачуваме кардиоваскуларното здравје.
Всушност, за многу важните ризик фактори не се говори доволно, смета еден кардиолог.
Д-р Дмитриј Јаранов, угледен лекар од Мемфис, на Инстаграм објавил видео кое добило многу прегледи, а го свртел вниманието кон советите од искуства за тоа како треба да се зачува здравјето на срцето.
„Еве што всушност влијае на вашето срце, а за тоа никој не говори. Кардиоваскуларното здравје не го прават само вежбањето и салатите“, рекол докторот и навел пет клучни работи.
1. Неквалитетен сон
Помалку од осум часа сон во текот на ноќта е зголемен ризик од застој на срцето, мозочен удар или ненадејна смрт, напоменува докторот.
Во текот на спиењето крвниот притисок опаѓа, а тој нормален процес го нарушува лошиот сон, па последиците може да бидат хронично висок притисок којшто е клучен во заболувањата на срцето.
2. Загаден воздух
Тој забележал и дека редовната изложеност на аерозагадување може да доведе до тоа артериите да се стврднат. Така протокот на крв е ограничен и тоа претставува ризик за срцето.
3. Стрес
Сите знаеме колку стресот е опасен, но не му даваме многу значење на тоа да се избориме со него. Како што вели д-р Јаранов, колку повеќе стрес толку повисоко ниво на кортизол во организмот, зголемен крвен притисок и затнати крвни садови.
4. Лошо орално здравје
Можеби и најмалку познат ризик фактор за кардиоваскуларното здравје е лошата орална хигиена и нередовната посета на стоматолог затоа што лошото орално здравје може да доведе до болести на дишните патишта.
5. Несоодветен однос кон дигестивниот тракт
Д-р Јаранов објаснува дека луѓето треба повеќе внимание да посветат на здравјето на цревата затоа што здравата и избалансирана микробиоза помага во регулирање на крвниот притисок и холестеролот во крвните садови.