Босна и Херцеговина ги задоволи апететите на фудбалските фанови во Зеница и одигра навистина храбро против Австрија на „Билино Поле“, но и покрај тоа што претрпе минимален пораз од 1:2, избраниците на Барбарез беа испратени со аплаузи и овации од трибините.
По четири стартни победи во квалификациите за Светско првенство, Босанците го претрпеа првиот пораз во еден изедначен и рамноправен натпревар, а покрај трите постигнати гола, истиот ќе се памети и по една невидена сцена во фудбалот.
Модерната технологија стана составен дел од фудбалот и веќе со години наназад сме сведоци на различни новитети поврзани за самата игра, но вчеравечер во Зеница, Ралф Рангник примени досега невиден метод за да стигне од клупата за резерви, до тунелот кој води кон соблекувалните.
Ralf Rangnick is not walking i think 🤣 - Poluvrijeme 0-0 - pic.twitter.com/4m3amLZm6H
— FootballBosnia (@Football_bosnia) September 9, 2025
Селекторот на Австрија употреби електричен велосипед и мина со него на теренот, а истото го направи и на стартот на второто полувреме, кога се врати кон клупата.
Овој потег на поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед стана вирален хит, па останува да видиме дали ова ќе стане и почеста пракса кога е искусниот Германец во прашање.