СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“

Макфакс

09/09/2025

13:01

341

Големина на фонт

а а а

Орце Ѓорѓиевски уште еднаш покажува дека за него нема граница кога станува збор предизборната манипулација. Откако вети воз на кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега смилисл нова манипулација дека фестивалот „EXIT“ кој најави дека нема веќе да се одржува во Србија се сели во Скопје, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје се обидува да ги излаже скопјани дека Скопје од следната година ќе стане нова дестинација на глобално реномираниот фестивал „EXIT“ – но под услов само ако тој победи на изборите.

„Секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на организаторите на „EXIT“ може лесно да утврди: не постои никаква потврда за Скопје како фестивалска локација, ниту во 2025, ниту во 2026 година. Единствено што е објавено од страна на „EXIT“ е план за глобална турнеја со повеќе настани низ светот. Ѓорѓиевски, во обид да ги освои гласовите со лажни ветувања, свесно извртува дека од Србија се сели во Скопје. Фестивалот „EXIT“ и сега има свои спин-оф изданија, вклучително и во Струмица изминативе три години, тоа не значи дека фестивалот се преселил во Струмица. СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со манипулации и лажни ветувања. Градот Скопје заслужува вистински културни политики, а не евтини кампањски трикови за дневна употреба“, велат од СДСМ.

Ѓоргиевски вчера информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.