Хаос на патот кај Маврово: Први снимки од страшната сообраќајка, се судрија дури осум возила, петмина се повредени

Макфакс

08/09/2025

20:03

6.118

Големина на фонт

а а а

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток).


Засега не се соопштени детали за состојбата на повредените лица, ниту причините за несреќата. Од полицијата апелираат возачите да ги следат насоките на службените лица и да бидат внимателни во сообраќајот.