[ВИДЕО] Децата врескаат, сцените се ужасни: Нова вознемирувачка снимка од Лисабон

Макфакс

04/09/2025

10:08

3.371

Големина на фонт

а а а

Во трагедијата што се случи во Лисабон, 15 лица загинаа, додека 18 беа повредени. Меѓу жртвите има и странци, а на социјалните мрежи се појави ново видео, кое беше создадено веднаш по несреќата.

На видеото се слушаат вознемирени деца како врескаат, а можат да се забележат и раце на повредените како штрчат од згужваниот метал на жичницата, која е една од главните туристички атракции во тој португалски град.

Луѓето што се нашле на лице место прво не знаеле што да прават од шок, а потоа масовно почнале да им помагаат на жртвите.

Се претпоставува дека трагедијата се случила поради пукање на подземен кабел, по што дошло до неконтролирано забрзување на жичницата.

Поради оваа трагедија, во Португалија е прогласен еден ден жалост, а во Лисабон три.