Бретнфорд се согласи да го пушти Виса во Њукасл

Макфакс

01/09/2025

14:18

158

Големина на фонт

а а а

Њукасл јунајтед веднаш ќе ги потроши парите од трансферот на Александер Исак. Швеѓанецот во рекорден трансфер, кога станува збор за Премиер лигата, се сели во Ливерпул. Сумата од 150 милиони евра, Њукасл ја вложи во Ник Волтемаде и Јоан Виса.

Напаѓачот на Штутгарт, Волтемаде пристигна во клубот пред неколку дена, а до крајот на денот, Виса ќе потпише договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Виса, во Њукасл доаѓа од Брентфорд во трансфер вреден 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра). Клубовите се договориле, половина од сумата Њукасл да уплати веднаш, а половина наредната година. Во договорот постои клаузула која му гарантира на Брентфорд 25 отсто од наредната продажба на фудбалерот.

Виса, кој постигна 49 гола на 149 натпревари за Брентфорд, беше продаден откако во објава на Инстаграм го обвини клубот за прекршување на договорот и побара од сопствениците и директорите на клубот да го исполнат своето ветување и да му дозволат трансфер за да мопже да напредува во кариерата.

Напаѓачот од Конго јавно се пожали дека „клубот неоправдано му стои на патот и покрај низата фер понуди во текот на летото“, кои, како што тврдеше тој, биле договорени и ставени на хартија.

Виса во 2021 година дојде во Брентфорд од Лориен. Минатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, постигна 19 голови.