Бен Сегир се пресели во Леверкузен

Макфакс

01/09/2025

13:14

186

Големина на фонт

а а а

Мароканскиот фудбалер Елиес Бен Сегир потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен до 30 јуни 2030 година.

Висината на трансферот не е официјално објавена, но извори блиски до Монако наведуваат дека изнесува 32 милиони евра, со бонус од пет милиони евра и процент од следната продажба на играчот.

20-годишниот играч од средниот ред е продукт на младинската школа на Монако. Во „малото кнежевство“ во 2023 година ја започна професионалната кариера.

Спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, истакна дека тој е „првокласен техничар, интелигентен и имагинативен во дриблингот, со прецизно и разновидно додавање“ и додаде дека „ќе внесе дополнителна енергија во офанзивната игра“.

Тренерот на Монако, Ади Хитер, исто така го пофали младиот фудбалер, истакнувајќи дека созреал во Монако и дека го очекува успешна кариера во Германија.