Ливерпул и Њукасл конечно се договорија за Исак: Последниот ден носи британски трансфер рекорд!

Дерби

01/09/2025

12:23

228

Големина на фонт

а а а

Последниот ден од летниот преоден рок е резервиран за британски трансфер рекорд, а ова утро оваа вест ја потврдија сите угледни извори и медиуми од Англија, сето тоа како најава за бурата која ќе следи во наредните часови.

Александер Исак веќе подолго време го бојкотира Њукасл и воопшто не се појавува на тренинзите на првиот тим, па иако клубот од Северот од Англија се обидуваше да избегне негово заминување, на крајот се соочил со реалноста и ја прифатил последната понуда на актуелниот англиски шампион.

На крајот, директорите на Њукасл процениле дека нема никаква логика да се држи со сила фудбалер кој не се гледа себеси како дел од проектот, па така во последните часови од летниот преоден рок, ја прифатиле понудата која гарантира и нов британски трансфер рекорд.

„Страчките“ ја прифатиле понудата вредна 125 милиони фунти, што ќе го направи Исак најскап трансфер кој некогаш се случил во Премиер лигата, но и воопшто во британскиот фудбал.

Веста за успешно привршуваше на преговорите ексклузивно ја пренесоа угледни медиуми како „Би-Би-Си“ и „Атлетик“, па трансферот и дефинитивно ќе биде реализиран и официјално потврден пред истекот на летниот преоден рок.