Дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки пронајдени на Средно Водно: Биле спремни за потпалување

Макфакс

25/07/2025

14:37

1.220

Големина на фонт

а а а

Утрово во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување.

Полицијата соопшти дека е излезено на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат надлежните.