Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

Макфакс

25/07/2025

13:51

240

Големина на фонт

а а а

Средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пред крајот на август е малку веројатна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков им рече на новинарите дека средбата на високо ниво меѓу Русија и Украина треба да стави крај на спорните прашања и да ги заокружи сите постигнати договори, пренесува ТАСС.

„Дали е можно да се помине низ толку сложен процес за 30 дена? Очигледно е дека е малку веројатно“, нагласи Песков одговарајќи на прашање за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август.

Тој рече дека ставот на Русија за завршување на конфликтот во Украина е многу добро познат. „Нашиот став е наведен во нацрт-меморандумот што беше доставен до украинската страна“, рече Песков.

Тој додаде дека во моментот нацрт-верзии на меморандумот за решавање на конфликтот во Украина се дијаметрално спротивни и дека руската и украинската страна имаат многу работа.

Зборувајќи за решението на проблемот во Појасот Газа, Песков изјави дека Русија отсекогаш поддржувала решение за палестинското прашање со две држави, пренесува „Танјуг“.