Крај на неизвесноста: Ѓекереш патува на прегледи во Англија

Дерби

25/07/2025

13:15

357

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓекереш ќе си ја оствари желбата да настапува во Премиер лигата и денеска Спортинг Лисабон му дозволил да замине во Англија за да ги помине вообичаените лекарски прегледи.

Шведскиот репрезентативец ќе стане нов член на Арсенал и сигурно ќе предизвика еуфорија кај фановите на лондонскиот клуб, кои долго се надеваа на реализација на трансферот на голгетерот.

27-годишниот фудбалер добил зелено светло за преселба откако двата клуба постигнале договор за трансферот, а новинарот кој прв ја објави информацијата (Дејвид Орнстајн) најавува дека прегледите се закажани за утре.

Трансфер сумата не е потврдена, но сигурно ќе биде најмалку 70 милиони евра, а новинарот тврди дека Ѓекереш решил да го носи дресот со број 14, кој има посебно значење поради клупската легенда Тјери Анри.