Барселона сепак отпатува во Јапонија, Флик ќе смета и на трите досегашни засилувања

Дерби

25/07/2025

12:50

405

Големина на фонт

а а а

Барселона успеа да го реши проблемот со промотерите за азиската турнеја и денеска отпатува за Јапонија, каде ќе го одигра првиот од трите планирани натпревари.

Шпанскиот шампион првично најави дека нема да патува во азиската земја поради фактот што организаторите не го испочитувале својот дел од договорот, но постигнат е компромис и денеска фудбалерите се качија во авион за да го одиграат натпреварот со Висел Кобе.

Барса го објави и составот со кој патува во Јапонија и Јужна Кореја, а во него се и новите засилувања Маркус Рашфорд, Жоан Гарсија и Рони Барџи.

Очекувано, во комбинација не е повредениот Марк Андре Тер Штеген, исто како и Ориел Ромеу и Пау Виктор, кои се на излезна врата од клубот.

Дуелот со Висел се игра за два дена, а потоа следуваат пресметките со Сеул и Даегу.