Деклан Рајс со нетрпение ја очекува новата сезона, во која со соиграчите од Арсенал уште еднаш ќе се обиде да ги врати „топчиите“ на врвот на англискиот фудбал и да ги израдува фановите со најпосакуваниот трофеј.
Искусниот англиски репрезентативец не крие дека е разочаран од начинот на кој дел од фановите се однесувале и го коментирале ангажирањето на Нони Мадуеке, кој пристигна од редовите на Челси, потенцирајќи дека очекува многу од својот сонародник.
– Знам колку е мотивиран, зборував со него и ќе видите колку може уште првата сезона.
– Тој е гладен за натпревари, сака да игра за Арсенал и такви фудбалери ни се најпотребни.
– Мислам дека ќе шокира многу луѓе со тоа што ќе го покаже и едвај чекам да играме заедно, – рекол Рајс.