Виктор Ѓокереш и натаму преговара за својата иднина, односно следниот клуб во кој ќе настапува, а актуелниот Спортинг Лисабон успеа да ангажира нов играч на напаѓачката позиција.
Се работи за Луис Суарез од редовите на Алмерија, фудбалер за кого ќе бидат исплатени 25 милиони евра, а се базирани на бројот на голови и формата која ја прикажа овој играч последната сезона во втората шпанска лига.
Колумбиецот има 27 години, ќе потпише петгодишен договор, а најавите се дека во неговиот договор ќе има откупна клаузула тешка 80 милиони евра.
Суарез последната сезона постигна 31 гол на 43 натпревари, со што го привлече вниманието на голем број европски клубови, но Спортинг бил најбрз и најконкретен во преговорите.
Ѓокереш е најблиску до трансфер во Арсенал, но барем засега нема потврда за реализација на овој трансфер или поинаков избор на фудбалерот.