Жоан Лапорта реализирал големо интервју за „Мундо Депортиво“, а шпанскиот медиум почна да објавува делови, при што е јасно дека првиот човек на Барселона зборувал на многу интересни теми.
Едно од прашањата било поврзано со контроверзната роденденска забава на Ламин Јамал, настан кој предизвика дебата во шпанската јавност, па и критики за големата ѕвезда на Барса.
– Тоа беше приватна забава, а на Јамал му е јасно дека што веќе што и да направи, тоа ќе биде тема која ќе стигне до јавноста.
– Го прослави својот 18-ти роденден, одлично си поминале и Ламин се забавувал со своите пријатели и познати инфлуенсери и луѓе од естрадата. Среќен сум што организирал одлична забава, а потоа се појави на тренинг и работеше напорно.
– Немам што да му забележам. Напротив, му честитам за организацијата и штета што не присуствував и јас, – рекол Лапорта.