Раководството на Реал Мадрид одамна размислува за ангажирање на Ибрахима Конате, но шпанските медиуми тврдат дека во битката за потписот на дефанзивецот се приклучила и Барселона.
Шпанските гиганти се заинтересирани за фудбалерот на Ливерпул, кој самиот ќе треба да реши дали ќе стави потпис на нов договор со „црвените“ или ќе ги потврди најавите дека преферира преселба во друга земја по крајот на сезоната.
Конате влегува во последната година од договорот и не бил задоволен од последната понуда која ја добил од Ливерпул, па барем засега е подалеку од сценариото кое се случи со Салах и Ван Дајк.
Напротив, Конате би можел да ги следи стапките на Александер-Арнолд, кој на крајот на договорот се пресели во Реал Мадрид и сигурно посакува да го има доскорешниот соиграч покрај себе и во шпанскиот клуб.
Барса дефинитивно ќе има потреба од квалитетен стопер, посебно имајќи го предвид статусот на Кристенсен и Мартинез, па Деко и неговите соработници внимателно ќе ја следат ситуацијата со Конате и ќе се обидат да го убедат Французинот да дојде на „Камп Ноу“.