Хамилтон го подбра Ферари: Нема да дозволам да бидам нов Фетел или Алонсо

Дерби

25/07/2025

12:13

222

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон очекува Ферари да ги исправи грешките и да го подигне нивото на конкурентност, а за таа цел веќе имал сериозни разговори со менаџментот и самиот посочил кои се сегментите во кои италијанскиот Формула 1 тим треба да напредува.

Британецот не може да биде задоволен од дебитантската сезона во црвениот болид, а досега има само спринт победа и не успеа ниту еднаш да обезбеди барем подиум на главните трки.

Хамилтон вчера зборувал пред новинарите и истакнал дека не сака да биде уште еден поранешен шампион кој го поминал периодот во Ферари без титула.

– Ова е голема организација со многу движечки елементи, но дел од нив не ги користат сите цилиндри кои ги имаат на располагање.

– Чувстувам како мојата улога е да ги предизвикувам сите во тимот и пред се менаџментот, имав средби со претставниците на менаџментот и задоволен сум од начинот на кој ги прифатија забелешките и нивните одговори.

– Тука сум за да победувам и верувам во потенцијалот на тимот. Не можете да го обвините возачот за неуспесите, бидејќи Ферари во минатото имаше членови како Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел и на крајот тие не освоија титула со овој тим, – рекол Хамилтон.

Ферари нема освоено титула од конструкторската во 2008 година, додека една претходно во Ф1 шампионатот триумфираше Кими Раиконен.