Холивудската актерка се сели во Европа? Аплицирала за престој и веќе бара лускузна вила – но нејзиниот сопруг не доаѓа со неа

Точка

24/07/2025

18:19

1.567

Големина на фонт

а а а

Актерката Никол Кидман аплицирала за престој во Португалија, што предизвика шпекулации дека планира да поминува повеќе време во Европа, објавува „Дејли мејл“.

Овој потег доаѓа откако се дозна дека таа барала дом во една од најексклузивните области на Португалија, Кашкаиш – богато крајбрежно предградие во близина на Лисабон. Кидман наводно размислува да купи имот во голф клубот „Коста Тера и Оушн“ во Компорта, луксузен комплекс популарен кај глобалните ѕвезди.


Интересно е што во апликацијата на Кидман не се споменува нејзиниот сопруг, пејачот Кит Урбан, кој се чини дека не аплицирал да живее со неа. Парот инаку го поминува времето во САД и Австралија, а заедно имаат две ќерки – Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (15).

Во текот на изминатата деценија, Кидман купи два пентхауса во северен Сиднеј, кои потоа ги спои во еден голем стан. Двојката поседува и вила со пет спални соби сместена на парцела од 3,5 хектари во Беверли Хилс.


Откако Кидман и Урбан се венчаа во 2006 година, тие изградија импресивно меѓународно портфолио на недвижности. Нивното прво заедничко купување недвижности беше во 2007 година, имот од 36 хектари во Франклин, Тенеси, за кој платија повеќе од 3 милиони долари. Следната година, тие се преселија во раскошна вила во ексклузивниот кварт Нортамберленд во Нешвил. Покрај имотите во Тенеси споменати погоре, двојката поседува и недвижности во Менхетен и Нов Јужен Велс.