Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот, денес го прими и разговараше со колегата Беким Исмани, кој со исклучителна храброст и присебност ја спречи девојката да скокне и да си го одземе животот, а притоа беше повреден од ножот кој таа го држела во раката.
„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.
Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, рече Тошковски.
Вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.
По вчерашниот настан во Тетово, каде...
Posted by Панче Тошковски on Thursday, July 24, 2025
Тој нагласи дека вистинска сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти.