[ФОТО/ВИДЕО] Цела во кожа: Најсекси издание на популарната пејачка која очигледно е дека се „преполовила“ и изгледа како на почеток од својата кариера

Точка

24/07/2025

13:15

2.306

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кристина Агилера изгледа послабо од кога и да е и за многумина е непрепознатлива, а за црвениот тепих овојпат избрала да носи провокативна креација.

Поп ѕвездата Кристина Агилера (44) последниве месеци е речиси непрепознатлива, откако успеала да ја врати својата линија на тело, онаква каква што имала на почеток од нејзината кариера.

Се чини дека таа диктира нови, заводливи модни трендови, а и дека во „нова“ кожа апсолутно се чувствува позадоволно.


На премиерата на мјузиклот „Burlesque: The Musical“ таа се појавила во црна креација со ленти и метални детали која буквално малку скрила од нејзиното тело.

Фустанот како да бил украсен детаљ над секси црната долна облека, а Кристина оваа предизвикувачка креација ја искомбинирала со црни хулахопки и црни салонки.

Во последниве месеци пејачката е сѐ послаба, па многумина се сомневаат дека таа користи Оземпик, како и голем дел од останатите ѕвезди, но иако директно не се огласила на оваа тема таа порачала дека повеќе не ја интересираат коментарите кои се однесуваат на нејзиното тело.


„Сега едноставно ми е гајле за вашето мислење. Нема да го прифатам“, изјавила во август 2024 година, очигледно почнувајќи нова, позрела фаза во својот живот во која критиките и негативните коментари едноставно не ја интересираат.