Сантош претре нов пораз во бразилскиот шампионат, вкупно деветти и тоа овојпат на домашен терен во соочувањето со Интернационал со 2-1.
Ова дефинитивно беше уште едно разочарување пред се за Нејмар кој одново остана без гол, без асистенција, односно без учинок кој и тоа како му е потребен на Сантош.
Тој воедно беше главен актер и во најбизарниот момент на натпреварот кога шутна и помисли дека топката ја минала гол линијата и тргна да слави, лудува за да потоа се сврти и види дека нема ништо од тоа, поточно играта продолжила и топката е веќе на другиот дел од теренот.
NEYMAR TEVE TOTAL CERTEZA QUE FOI GOL
— Cartolouco 👑 (@Cartolouco) July 24, 2025
FOI OU NÃO? pic.twitter.com/eLPNegWasU