Артета: Време е Арсенал да ја освои титулата

Макфакс

23/07/2025

20:59

688

Големина на фонт

а а а

Арсенал игра одличен фудбал под водство на менаџерот Микел Артета во последните неколку сезони.

Тие се вицешампиони на Англија три сезони по ред, минатото лето стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите, но навивачите се незадоволни и бараат само едно нешто, титулата шампион на Англија, која Арсенал ја чека од 2004 година.

Следната сезона во Премиер лигата ќе биде брутално предизвикувачка, има премногу силни тимови, но Арсенал е сигурно меѓу главните кандидати за трофејот.

„Топџиите“ се засилија, тимот им изгледа моќно, а Артета верува дека време е за титулата.

„Посилни сме од минатата сезона. Го подигнавме нивото на квалитет во тимот, сме поискусни и верувам дека имаме сила да триумфираме во Премиер лигата. Конкуренцијата ќе биде силна, има многу добри тимови и според мене барем шест или седум, можеби дури девет од нив можат да се надеваат на пехарот. На крајот, само еден клуб ќе биде среќен, а мислам дека тоа би можел да биде Арсенал“, рече Артета.

Ова лето, Арсенал веќе ги доведе Мартин Зубименди, Нони Мадуеке, Кристијан Норгард и Кепа Аризабалага и издвои 120 милиони евра за сите нив. Се чека уште Виктор Ѓокерес од Спортинг за 63+10 милиони евра.

Арсенал ќе го игра првиот натпревар во новата сезона во Премиер лигата на 17 август против Манчестер јунајтед.

Титулата во Премиер лигата ќе ја брани Ливерпул.