Лефков: И Жерновски се појави како бугарска интернет страна хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија

Макфакс

23/07/2025

16:33

274

Големина на фонт

а а а

„За Mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен, и со многу влага од минатото. Пропаднатиот градоначалник, амбасадорот на диво се јави со писание за да не запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари, објави на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков како реакција на претходната објава на Андреј Жерновски.

„МНР на Бугарија најави дека ќе ги ангажира сите ресурси и достапни канали за заштита на бугарските интереси и оп се појави Жерновски како бугарска интернет страничка хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија!

За Mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен,...

Posted by Миле Лефков on Wednesday, July 23, 2025

Со тоа што се јави Жерновски, сам се пријави. Само уште не ни кажа дали е ресурс, канал или mushroom пропаднат амбасадор!

Жерновски, човек без акредитив, без политичка тежина и без капка авторитет, се појави на сцена како интернет-трол во обид да ме дискредитира – не заради некаква вистина, туку затоа што моите ставови го погодија токму онаму каде што боли: во вистинската насока.

Додека јас предупредував за хибридна закана од Бугарија, неговите партиски другари релативизираа со “параноја” и навреди, ама ден подоцна бугарски медиуми стартуваа уште еден координиран напад. И како по команда – уште еднаш, пак Жерновски, истрошен глумец од маргините на политиката, mushroom политичар, за да ја продолжи прљавата работа дома, со досетка “сум паднал во јамата”, во ред, ајде малку да зборуваме и за јами:

Јама е кога си пропаднат градоначалник кој општината ја претвори во партиски расадник – со роднини и активисти од СДСМ вработени со договори во 4 очи.

Јама е кога одиш во Букурешт како “амбасадор на диво”, без акредитив, без процедура, без достоинство.

Јама е кога цела кариера ја минуваш на грбот на државата, а потоа глумиш досетко-mishroom полотичар со туѓи агенди.

Јама е кога после сè – од пропаднат градоначалник, преку дипломатија на диво, завршиш како обичен интернет трол кој се фаќа за роднини и браќа, оти со аргументи не можеш да се справиш“.

Јас сум пратеник и зборувам во свое име, пишува Лефков во објавата и додава дека не бега од вистината.

„Јас не бегам од вистината – ја кажувам, колку и да не им одговара на некои. А моите роднини не се предмет на јавна расправа. Тоа што некој друг цел живот се криел зад туѓи имиња и привилегии – не му дава право да ги влече моите роднини во калта, затоа што така правел кариера!

Јас зборувам, и ќе продолжам да зборувам за Македонија, без разлика кого тоа нервира – во Софија или во Централен одбор на СДСМ.

А ти, ако баш сакаш да бидеш корисен за некого – прво реши се дали си ангажиран “ресурс” или “канал” за бугарските интереси“.

Упатува како што вели, јавно прашање до Андреј Жерновски:

„Дали со месеци се криеше од МНР бидејќи Романија не ти дозволуваше да ги предадеш акредитивните писма?

„Дали МНР за тој сериозен пропуст дозна директно од романските власти наместо од тебе?

Ако на било кое од овие прашања одговорот е не, јавно и лично ќе му се извинам.

Но ако е да, тогаш ред е тој да им се извини и на институциите, и на граѓаните што на диво ги трошел нивните пари на туризам во Букурешт“, нагласува Лефков.