Најмладиот менаџер во Премиер лигата е вистински фудбалски виртуоз, видеото од тренингот ја обиколи Англија

Дерби

23/07/2025

15:57

1.261

Големина на фонт

а а а

Брајтон се очекуваше да мине низ транзициски период по заминувањето на Роберто Де Ѕерби и многумина прогнозираа дека тимот ќе се бори за опстанок, но талентираниот Фабијан Хурцелер покажа дека неправедно беше потценет од цела јавност.

Германецот минатата година стана најмладиот менаџер во историјата на Премиер лигата на 31-годишна возраст, а една сезона подоцна, веќе сите на Островот гледаат на него со други очи, пред се благодарение на резултатите кои ги оствари.

Брајтон заврши осми во првата сезона на Хурцелер во Премиер лигата и ќе атакува на горниот дел од табелата и во сезоната која претстои, а за која веќе почнаа подготовките пред некое време.

„Галебите“ се во почетна фаза од подготовките, а од еден од последните тренинзи пристигна видео кое сега стана вирален хит.

32-годишниот Хурцелер им покажал на вработените дека всушност е вистински виртуоз со фудбалската топка, па видеото од неговите финти со топката брзо стана вирален хит.