„Telegraph“ ја прогласи најдобрата земја во светот за 2025 година, Македонија не е на листата

Точка

23/07/2025

20:12

2.191

Големина на фонт

а а а

Според изборот на читателите на британскиот „Telegraph“, Нов Зеланд е најдобрата земја во светот за 2025 година. Македонија ја нема на листата од 88 држави.

Гласале над 20 илјади луѓе

На овогодинешното доделување на наградите „Telegraph Travel Awards“, Нов Зеланд се врати на првото место. Победата доаѓа откако над 20 илјади читатели на „Telegraph“ гласаа и ги споделија своите препораки.

Нов Зеланд постојано се рангира меѓу најдобрите земји во светот кога станува збор за квалитетот на живот, безбедноста и општествениот напредок. Неговите крајбрежни области се совршени за набљудување на дивиот свет и изобилуваат со богатство од морски плодови. Покрај природните убавини, земјата се гордее со својата автохтона култура – заедниците на Маорите и традиционалниот танц хака (традиционален воен танц на Маорите, староседелците на Нов Зеланд) се длабоко вкоренети во националниот идентитет.


Пејзажите на Нов Зеланд делуваат речиси нереално – тука се снимани и филмовите од серијалот „Господар на прстените“. Импозантните снежни врвови, брановидните зелени лозја, црните песочни плажи и драматичните фјордови создаваат сцени што изгледаат како да не се од овој свет.

Што се однесува до земјите од регионот, на листата се најдоа: Хрватска на 26. место Словенија на 43. место, Црна Гора на 46. место, Босна и Херцеговина на 68. позиција, Србија на 84. и Бугарија на 87. место.


Топ 10 земји во светот, според „Telegraph“:

1. Нов Зеланд

2. Јапонија

3. Индија

4. Јужна Африка

5. Грција

6. Австралија

7. Перу

8. Малдиви

9. Костарика

10. Боцвана