Германските медиумите уште пред три месеци пренесоа дека љубовната романса меѓу Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ е завршена, а сега пристигна официјална информација дека познатата двојка ја комплетирале брачната парница и дошло до развод.
Угледниот „Билд“ стапи во контакт со адвокатот на славната српска тенисерка и пристигна потврда за разводот, со кој воедно беше ставен крај на долга врска која траеше 11 години.
Бастијан и Ана се запознаа во 2014-та година, две години подоцна стапија во брак со свечена церемонија во Венеција, а со заедничкиот живот формираа и семејство од кое дел станаа и три деца.
Адвокатот на Ивановиќ во краткото образложение за „Билд“ нагласил дека двојата се разведува поради „непомирливи разлики“, но исто така додал дека двајцата нема да даваат дополнителни соопштенија во јавноста.
Исто така, адвокатот побарал од медиумите да покажат почит кон приватноста на двајцата, се со цел да се заштити мирот и спокојот на малите деца кои се вклучени во целата приказна.