Младите се натпреваруваат на олимписките игри, но и селективно одложуваат отпад: Само на отварањето собрани над 7.000 парчиња шишиња!

Точка

23/07/2025

11:15

136

Големина на фонт

а а а

Спортот отсекогаш претставувал повеќе од игра – тој е дисциплина, мотивација и инспирација за подобар и поздрав начин на живот. Младите спортисти се симбол на енергија, натпреварувачки дух и стремеж кон подобро. Тие не се стремат само кон освојување на медали, туку и за вредности – фер-плеј, тимска работа и одговорност.

Истите тие принципи се темел и на грижата за животната средина. Денес, кога климатските промени сè погласно не предупредуваат, спортот добива и ново значење – како моќна алатка за поттикнување на одржливост, еко-свест и колективна одговорност. Како што спортистите на терен внимаваат на секое движење, така и ние секојдневно треба да внимаваме каде завршува секое шише, секоја лименка, на нашите навики...


Ова лето, Македонски олимписки комитет (МОК) ги обединува најдобрите млади спортисти од Европа во досега најголемиот спортски настан во Македонија - Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) кој се одржува од 20 до 26 јули 2025 година во Скопје, Куманово и Осијек (Хрватска). Околу 4.000 млади спортисти од 50 делегации, поддржани од над 800 волонтери од цела Европа се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини, а заедно и со публиката и во уште една – подеднакво важна – селектирањето на отпад!


Како горд еколошки и логистички партнер Пакомак постави опрема за селектирање на пластика и лименки на повеќе од 20 локации каде што се оддржуваат спортските натпреварувања. Во овие мини „зелени арени” млади еко амбасадори-едукатори ги насочуваат посетителите правилно да ги селектираат своите пластични шишиња и лименки во Пакомак корпите и ги едуцираат повеќе околу еколошките навики. Секоја локација пулсира не само со спортски дух, туку и со еко-свест, претворајќи го овој спортски настан во поле кадешто младите спортисти, волонтери и публиката ја дополнуваат својата спортска пасија со еко-акција: преку селектирање отпад, тие стануваат дел од глобалното движење за одржлива иднина. Само на отварањето на фестивалот во Пакомак корпите беа собрани над 7.000 пластични шишиња кои што ќе завршеа во депонија.


Секоја победа на терен започнува со победа над себеси – исто како што секој чекор кон позелена планета започнува од нашите навики. Ова е натпревар каде што победници сме сите. Кога ќе покажеме дека спортскиот и еколошкиот дух одат рака под рака, се создаваат генерации што ги играаат и победувааат најголемите спортски натпревари во „зелените арени” и го промовираат најважниот тимски спорт на денешницата – грижата за животната средина.