Африм Гаши хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија: Имал сериозни болки и тегоби

Макфакс

23/07/2025

11:10

902

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.


Гаши е под постојан лекарски надзор, а засега нема официјални информации колку долго ќе остане на болничко лекување.