Шестгодишно дете од Србија повредено на Халкидики: Паднало во аква парк, итно е префрлено во болница во Солун

Макфакс

23/07/2025

09:04

770

Големина на фонт

а а а

Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми.

На малолетникот му е укажана прва помош и е пренесен со амбулантно возило во болница во Солун.

Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до несреќата. Сè уште не е познато дали станува збор за човечка грешка или за недостаток на безбедносни мерки во самиот парк.