Манасиевски: Каја Шукова е врзана во бизнис-кругот на Заев и Филипче додека биле на власт, таа не можела да одбие кандидатура како Ралев, морала да прифати да губи

Макфакс

22/07/2025

12:46

133

Големина на фонт

а а а

Дали Каја Шукова не смеела да одбие да бидат кандидат за пораз, затоа што е директно вмешана во бизнисите со фотоволтаици на луѓе од власта, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Каја Шукова како Министер за животна средина има дадено стотици позитивни мислења за поставување на фотоволтаични централи низ Македонија, и дали поголемиот дел од истите тие фотоволатични централи се на луѓе блиски до СДС? Дали Каја Шукова е вмешана во давањето мислење за поставување на фотоволтаична централа на браќата на Венко Филипче и Зоран Заев во Дојран? Дали поврзаноста со бизнисите на Заеви и Филипче, всушност е и причината поради која таа е врзана во кругот во СДС од кој не може да излезе?

Дали Каја Шукова заради ова свое минато со Заев и Филипче немала избор како Мишко Ралев кој ја одбил понудата да биде кандидат на СДС за Скопје?

Ова се кадрите на СДС. Кадри со силни врски со минатото и со бизнисите на Заев и Филипче.

Каја Шукова ќе дознае што мислат Скопјани за СДС и за неа, со најголемиот пораз во историјата на таа партија“, рече Манасиевски.