Најдобрите младинци добија повик од Илиевски и станаа дел од сениорскиот национален тим

Дерби

22/07/2025

11:23

521

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација доби уште две имиња на подготовките за претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година.

Селекторот Марјан Илиевски донесе одлука дел од тимот да бидат двајца играчи кои беше најдобри играчи на младинското европско првенство (Б дивизија) кое претходниот период се играше во Ерменија-тоа се Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ.

Луканоски имаше просек од 14.4 поени, 9.4 скока (четвртти скокач на првенството) и 2.6 асистенции, и ќе ја засили центарската линија која во овој момент е некако и најдефицитарна во ростерот.

Стојковиќ е исто така, играч од генерацијата 2006, доаѓа кај сениорите со просек од 11.7 поени, 7.3 скока и 2.4 асистенции на штотуку завршениот шампионат за кошаркари „Под 20“ години.

Ќе конкурира за оние крилни позиции за место кај сениорите, кои овој викенд ќе ги имаат првите проверки. Во салата на „НБ Ноел“ во Негорски бањи, на гости доаѓа селекцијата на Швајцарија со која ќе одиграме два контролни натпревари, на 25 и на 26.јули.