Лукаку за преселбата на Де Брујне во Наполи: Тоа беше…

Дерби

22/07/2025

11:14

360

Големина на фонт

а а а

Кевин Де Брујне изненади многумина со одлуката да го избере Наполи како нова дестинација во кариерата по успешната приказна која ја имаше во премиерлигашот Манчестер Сити.

Де Брујне одлучи да каже „ДА“, да ја прифати понудата од актуелниот италијански првак каде ќе може да соработува со колегата од националниот тим Ромелу Лукаку на кого и тоа како му е познат фудбалот на Апенините.

- Не морав да му давам никаков совет или да го убедувам во нешто. Де Брујне е многу приземен човек. Го замолив да биде протагонист во Наполи на ист начин како што беше во Манчестер Сити и за Белгија. Многу сум среќен што е тука, но негова беше одлуката да дојде тука, - открива Лукаку кој го посочи тренерот Антонио Конте како фактор кој сигурно имал влијание врз офанзивецот да слета на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

- Конте е посилен од кога било. Тоа е природно, тој е тренер кој секогаш се обидува да се подобри себеси и своите играчи. Ова е нашата мантра: „Секогаш давај го најдоброто од себе“ секој ден. Мислам дека се справуваме добро, но сите знаеме дека секогаш можеме да направиме повеќе, - вели Лукаку кој сака да му помогне на Лоренцо Лука кој исто пристигна во овој летен преоден рок.

- Се обидувам да му помогнам со тактички потези, бидејќи имаме многу специфични рутини за учење. Тој е добар човек и навистина може да ни помогне, на пример со начинот на кој напаѓа во шеснаесетникот. Со него имаме дополнително оружје за да го одбраниме Скудетото, а тој може да ми помогне и ако играме заедно, бидејќи имаме различни карактеристики, иако секако сè зависи од тоа што ќе одлучи тренерот, - заклучи Белгиецот во разговорот за „Скај Спорт Италија“.